Паднал договор, Мората од Скопје патува во Манчестер за да стане „ѓавол“

by
1 минути читање

Ништо од најавите за долги и мачни преговори помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, откако „Кралевите“ пред неколку дена ја одбија првата понуда и побараа 90 милиони евра за услугите на Алваро Мората.

Последните информации велат дека двата клуба си подале рака за трансфер вреден 73 милиони евра.

Радиото Онда Серо пренесува дека Алваро Мората од Скопје ќе отпатува за Манчестер каде во понеделник ќе треба да ги помине редовните лекарски прегледи и да стави потпис на пет годишен договор со „Црвените Ѓаволи“.

Напаѓачот вчера пристигна со „Црвената Фурија“ во Скопје за утрешниот деул со Македонија во квалификациите за СП 2018.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани