Одбројани се деновите на Диего Коста на Стемфорд Бриџ, на напаѓачот оваа
недела му било соопштено дека нема иднина во Челси.
Антонио Конте за ова го известил Диего Коста по смс порака, а АС сега
открива што напишал менаџерот на „Сините“.
„Здраво Диего, се надевам дека си добро. Ти благодарам за сезоната која ја
поминавме заедно. Многу среќа во следната година, но повеќе не си дел од моите
планови” – напишал Конте.
Весникот исто така додава дека оваа смс порака му направила големи проблеми на Челси.
„Сините“ веруваат дека цената на Диего Коста сега ќе биде намелена и клубот
ќе нема силна позиција во преговорите со оглед на тоа дека сите знаат дека за голгетерот нема место во Лондон.
Шампионот на Англија исто така не е задоволен од суровиот и „ладен“ начин (смс порака) на кој Антонио Конте го известил својот прв стрелец од минатата сезона дека неговата авантура во Челси е завршена.