227
Поранешниот голман на Реал Мадрид и ПСЖ, Кејлор Навас во следната сезона ќе има нов предизвик, ќе брани за Монца.
Навас бранеше во Шпанија, Франција, Англија, а сега ќе има можност да брани и во Италија.
Договор е постигнат, Кејлор Навас за Монца потпишува како слободен играч.
Во текот на оваа недела ќе ги помине медицинските тестови и ќе стави потпис на договорот.