„На пет минути пред дуелот со Челси ја промени тактиката и победивме!” – Погба вели дека Мурињо навистина е „Специјален“

by
1 минути читање

Долго време
изгледаше дека првата сезона на Жозе Мурињо на Олд Трафорд ќе биде
катастрофална, но на крајот се добро се заврши.

Со триумфот во
Лига Европа, Манчестер јунајтед обезбеди настап во Лигата на шампионите, па
лошиот настап во Премиерлигата беше заборавен, и сезоната беше прогласена како
успешна со освоени три трофеи.

Пол Погба, кој минатото лето се врати во Манчестер јунајтед за рекордни 105 милиони евра, вели
дека за ваквиот успех голема заслуга има Жозе Мурињо, и додава дека Португалецот
навистина е „Специјален“.

„Мурињо е
специјален бидејќи победува
– вели Французинот.

„Понекогаш прави
екстремни работи. Против Челси, ја промени тактиката и формацијата на само пет
минути пред почетокот
.

„Никогаш
претходно го немавме работено тој систем на тренинзите, но одлично функционираше. Тоа
беше специјално
.

„Освои три трофеи
во првата година, тоа исто така е специјално. Па навистина е „Специјален“
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани