Луда понуда од Кина за Роналдо, ЦР7 би заработувал 330.000 евра за еден ден!

by
1 минути читање

Нови стории за можен мега трансфер на првата ѕвезда на „Кралевите“,
Кристијано Роналдо.

Откако изминатите денови се појавија гласини од Португалија, сега на оваа
тема пишуваат и медиумите од Шпанија.

АС пренесува дека неименуван клуб од Кина спрема луда понуда за ЦР7.

Весникот, кој е близок до Реал Мадрид, вели дека Кристијано Роналдо би
заработувал скоро 330.000 евра на ден доколку прифати да се пресели на
Далечниот Исток.

Понудата од Кина изнесува 200 милиони евра обесштетување за Реал Мадрид, и
годишна плата од 120 милиони евра за играчот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани