Погба го кажа своето мислење за Златан Ибрахимовиќ

by
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ имаше фантастична сезона во Манчестер јунајтед, но заработи голема повреда неговото враќање на теренот се очекува да биде околу нова година.

Поради повредата Манчестер јунајтед се очекува да не го продолжи договорот со Ибра и тој од следната сезона да има нов клуб.

Но, влијанието на Ибрахимовиќ во Манчестер јунајтед е големо, па доколку се прашаат фановите и соиграчите тој не би си заминал од Олд Трафорд.

„Тој е фудбалер кој ни помогна многу од атлетска гледна точка како и од психолошка, на теренот но и надвор од него“ – вели Погба.

„Тој е фантастична личност, многу смешен, и имам само убави моменти со него“.

„На теренот е победник, го внесе таквиот менталитет во нашиот тим“.

„Постигна многу голови оваа сезона, никој не го може тоа на негова возраст“.

„Немаше среќа и заработи лоша повреда, но освои три трофеи со нас. Тој секогаш ќе биде Златан“.

„Секогаш се смее, доколку беше тука ќе се смееше на твоите чевли, ќе речеше „Уоу зошто носиш убави чевли“.

„Тој ќе почнеше да се шали за ваша облека, но не во негативна смисла“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани