Тренерот на Кротоне даде лудо ветување, долго 1.300 км, од утре почнува да го исполнува

by
1 минути читање

Кротоне избори опстанок во последното коло од Серија А откако тие го совладаа Лацио со 3-1, а Емполи загуби на гостувањето кај Палермо.

Тренерот на тимот, Давиде Никола вети дека ќе вози од стадионот на Кротоне до Торино доколку изборат опстанок, тоа должина од 1.300 километри.

Никола ќе го оствари ветувањето и утре со својот велосипед ќе тргне по долгата делница. Возењето за него има и лично значење бидејќи го загуби својот син на 14 годишна возраст токму во несреќа со велосипед.

44-годишниот тренер покрај за својот син, возењето го посветува и на Мото ГП шампионот Ники Хајден како и поранешниот победник на Џиро Италија Микеле Скарпони, и двајцата загинаа откако беа удрени со возила во Италија.

Никола се надева дека ќе ја зголеми свесноста за поголема безбедност на патиштата и почит кон велосипедистите.

„Ова не е трка, туку исполнување на спортско ветување. А за новиот договор ќе зборуваме по 18. јуни, сега ќе возам како тренер на Кротоне“ – вели Никола за италијанските медиуми.

Тој ќе ги помине Таранто, Бари, Пескара, Анкона, Ливорно, Џенова и Торино.

Друштво ќе му прават неговиот шура Паоло Борето, внукот Алесио Капељо и членот на стручниот штаб на Кротоне, Емилио Тромбино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани