74
Фудбалерите на Саудиска Арабија се подготвуваа за мечот со Австралија од квалификациите за СП кога спикерот на стадионот побара минута молчење за жртвите во Лондон.
Австралискиот тим се постави прописно и изрази почит за жртвите во Англија, но играчите на Саудиска Арабија не го направија тоа, тие беа расфрлани на својата половина од теренот.
Некои од играчите на Саудиска Арабија стоеа мирно додека траеше минутата молчење, а други продолжија со загревањето.
Инцидентот предизвика револт на социјалните мрежи, некој твитна: „Се надевам дека ФИФА ќе ја повика Саудиска Арабија на еден убав состанок поради неискажаната почит пред почетокот на мечот. Неучеството во минута молчење е одвратно“.