Лукаку синоќа потврди дека останување во Евертон не е опција за него. Во Челси се уверени дека ќе го добијат неговиот потпис иако не се подготвени да ги платат бараните 100 милиони фунти на тимот од Мерсисајт. Тие се надеваат дека за 80 милиони фунти ќе го комплетираат трансферот.
Се верува дека Лукаку веќе се договорил со Челси каде ќе има плата од 150.000 фунти неделно, што е речиси двојно повеќе од 80.000 кои ги зима во Евертон.
Тој ја одбил понудата од 140.000 неделно од Евертон за продолжување на договорот, но го одбил и Манчестер јунајтед кој му нудел 200.000 фунти неделно, што е значително повеќе од Челси.
Лукаку е одлучен да се врати во Челси и наскоро се очекува тоа да се случи. Како наговестување за тоа е и изјавата на Диего Коста кој откри дека добил порака од Антонио Конте деке веќе не му е потребен на тимот.