77
ФК Ројковац стана хит во Србија и пошироко поради прославата која ја направи за влез во првата општинска лига (петта по ранг во Србија).
Клубот од Обреновец кој е формиран минатата година, во последното коло со 11-0 го совладаа тимот на Црвена застава по што шоуто можеше да започне.
Фудбалерите се возеа низ Обреновац со автобус како големи шампиони, а вечерта фановите приредија импресивна баклијада, прослава каква што немаат ниту голем дел од најголемите клубови во светот.