146
Испаѓањето во Серија Б како да не беше доволен проблем за Палермо, клубот
на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски е под истрага на
обвинителството од Сицилија.
Медиумите од Италија пишуваат дека причина за истрагата е огромен долг од
дури 120 милиони евра, и ќе се испитува дали има услови за банкрот на клубот.
Прашање е колкав дел од „дупката“ ќе може да покрие новиот сопственик Пол
Бакалини и веројатно минусот ќе треба да се покрива со продажба на играчи,
помеѓу кои веројатно ќе бидат Илија Несторовски и Александар Трајковски.
Но поранешниот прв човек на Палермо, Маурицио Ѕампарини ги смирува
страстите и вели дека долгот не е 120 милиони евра, туку три пати помал,
односно 40 милиони евра.