Откако сезоната ја заврши само со трофеј во Копа дел Реј, Барселона летоска
ќе донесе неколку засилувања за атак на сите фронта во новата сезона.
Десен бек, фудбалер од средниот ред и напаѓач се приоритети а „Планот А“ за
засилување на тимот вреди 150 милиони евра.
Ектор Бељерин од Арсенал е прва желба за засилување на десната бековска
позиција, на која настана дупка по заминувањето на Дани Алвеш.
За враќање на Шпанецот на Камп Ноу ќе бидат потребни околу 40 милиони евра.
Марко Верати од ПСЖ е идентификуван како идеално засилување за средниот
ред, и Италијанецот треба да биде најзвучното име кое ќе пристигне во
Барселона.
„Каталонците“ ќе треба да платат околу 80 милиони евра за репрезентативецот
на „Аѕурите“.
Осман Дембеле одново е на агендата за засилување на форот, откако младиот
Французин минатата година и кажа „НЕ“ на Барса и ја прифати понудата на
Борусија Дортмунд.
На Сигнал Идуна Парк ќе има големи промени ова лето прв си замина тренерот Томас Тухел, па „Каталонците“
сакаат да го искористат ова и за 30 милиони евра да го ангажираат талентираниот
напаѓач.