Интер извиси, Пепе се одлучи за друг клуб

by
1 минути читање

Според најновите
информации кои пристигаат, шпанска „Марка“ пренесува дека дефанзивецот од
редовите на мадридски Реал, Португалецот Пепе наводно договорил двегодишна
соработка со тимот на Париз Сент Жермен.

Доколку овие
информации се точни, во тој случај пропаѓа речиси „договорената“ и претходно
најавена негова преселба во редовите на италијанскиот калчолигаш Интер.

Португалецот е
веќе слободен фудбалер на трансфер пазарот, она што им е потребно на клубовите
кои се заинтересирани за неговите услуги е договор со самиот фудбалер, без
никакво обештетување, од причина што договорот на Пепе со Реал Мадрид му
истекува на самиот крај од овој месец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани