Реал Мадрид по 12. пат е шампион на Европа, Зинедин Зидан втор пат по ред му ја носи европската круна на „кралот“, тие се првиот клуб кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите.
Скопје го доби и вториот гостин кој на осми август ќе истрча на „Филип Втори“ арената, Реал Мадрид против Манчестер јунајтед ќе играат во Суперкупот на Европа.
Јувентус одлично влезе во натпреварот, во седмата минута преку Пјаниќ имаа одлична шанса за гол, но Кејлор Навас со фантастична интервенција одбрани.
Но, Реал Мадрид прв се радуваше на погодок, Кристијано Роналдо со мала помош од Бонучи го совлада Буфон за водство на Реал Мадрид од 1-0.
Само седум минути подоцна Манџукиќ постигна прекрасен гол за изедначување на 1-1, со тој резултат заврши првото полувреме.
Во вториот дел беше сосема поразличен од првото полувреме, Реал Мадрид ја имаше комплетната доминација, Јувентус беше немоќен.
Прашањето за победникот беше решено за само три минути, најпрво во 61. минута Касемиро од далечина носи ново водство од 1-0, а во 64. минута Кристијано Роналдо со нов гол ги постави конечните 3-1.
На шест минути до крајот Квадрадо доби втор жолт картон кој го изнуди Серхио Рамос со една срамна глума.
Реал Мадрид беше подобар противник и заслужено се радува на големиот трофеј, Јувентус не успеа да дојде до толку посакуваната тројна круна.