Роналдо: Секоја чест за Јувентус, но ние сме подобри

by
1 минути читање

Првата ѕвезда на
„Кралскиот клуб“, Кристиано Роналдо ќе биде главната опасност кон голот на
италијанскиот шампион во големото финале, Португалецот смета дека неговиот тим
е фаворит на мечот и верува дека ќе го подигне победничкиот пехар.

Очекувам тежок
натпревар, но сигурен сум дека сме во подобра позиција од нашиот противник,
веќе го гледам Реал Мадрид како шампион. Секоја чест за Јувентус, игра одлично,
но убеден сум дека ние сме подобри, ќе го докажеме тоа на теренот
“ најави Роналдо во пресрет на утрешниот натпревар.

Големото финале
утре стартува со почеток од 20 часот и 45 минути, се игра во Кардиф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани