Манчестер јунајтед ја одби првата голема понуда за Де Геа!

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед е сериозен во намерата да го задржи Де Геа и се чини дека ако самиот голман не побара трансфер нема понуда која ќе може да го земе од Олд Трафорд.

Според реномираниот „Скај Спортс“, Манчестер јунајтед одбил 60 милиони фунти од Реал Мадрид за Давид де Геа.

Манчестер јунајтед го купи Де Геа од Атлетико Мадрид за сума од 18 милиони фунти, па оваа понуда на Реал Мадрид е повеќе од тројно повисока и речиси двојно повеќе од рекордната која е платена за еден голман.

Мурињо го врати Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите и нема намера да се откаже од своите најдобри играчи.

Останува да видиме дали Реал Мадрид ќе се насочи кон друга голманска цел или ќе продолжи со обидите за ангажман на Де Геа и во Манчестер ќе пристигне уште повисока понуда за голманот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани