72
Африканската прес агенција, „Африк Прес“ денеска излезе со сторија дека Кеси нема 20 години како што се мисли во Италија, туку 26.
Во италијанските медиуми има разни приказни, некои велат дека одложувањето на потписот за Милан е поради годините, а втората верзија е поради повреда.
Кеси падна на вчерашните медицинските тестови, најверојатно поради повреда на коленото. Денеска имаше нови, специјални тестови кои според „Калчомеркато“ успешно ги поминал.
Утре изутрина фудбалерот треба да помине уште некои прегледи пред да го стави потписот на пет годишниот договор.
Кеси треба да биде второто засилување на Милан, по Матео Мусакио, а по него треба да дојде Рикардо Родригез.