Драмата на Казорла, осум операции од ноември до сега и се уште не знае кога ќе се врати

by
1 минути читање

Фудбалерот од средниот ред имаше неколку пехови и мака мачи со повредите изминативе шест месеци.

Mногумина веруваат дека неговото отсуство е причината за падот во формата на Арсенал кон средината од сезоната, што се покажа како кобно за топ четири пласманот и „Топчиите“ за прв пат не обезбедија настап во Лигата на Шампионите во последните 20 години.

Во разговор со медиумите од Шпанија, Санти Казорла сега разкажува за пеколот кој го преживува.

Шпнаецот осум пати бил „под нож“ од ноевмри до сега, и се уште не знае кога ќе се врати на терените.

„Сезоната беше тешка, немам играно од ноември, ми беа направени дури осум операции, последната вчера, се надевам се ќе биде добро“ – вели Казорла.

„Од ноември до сега имаше неколку компликации, добив бактерија во операционата сала, заработив инфекција на коската … раната не сакаше да се затвори, па ми направија графт“.

„Ова беше најлошата сезона, не би му посакал вакво нешто на никого“.

„Не знам кога ќе се вратам, мислам дека ќе бидам надвор од стројот и во следните пет месеци“.

„Во Арсенал се однесуваа одлично кон мене, ставив потпис на нов договор пред да заминам на операција“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани