Рома му подготвува нов договор на Де Роси

by
1 минути читање

Италијанските
медиуми пренесуваат дека 34 годишниот легендарен фудбалер на Рома, Даниеле Де
Роси ќе потпише нов договор со клубот каде ја мина целата своја кариера.

Актуелниот
договор на Де Роси истекува на крајот од идниот месец, очекувањата се дека ќе
ја продолжи соработката на уште две години.

Се чини дека нема
никакви дилеми дека Де Роси кариерата ќе ја заврши во клубот каде ги почна
своите професионални чекори, играјќи покрај Франческо Тоти кој изминатиот
викенд по една мошне емотивно збогување се прости од дресот на Рома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани