Милан го претстави новото засилување, Мусакио го облече црвено-црниот дрес

by
1 минути читање

Аргентинецот со
италијански пасош, Матео Мусакио е нов член на италијанскиот калчолигаш Милан,
откако ги мина успешно лекарските прегледи 26 годишниот централен бек потпиша
четиригодишен договор со „Росоњерите“.

Мусакио цели осум
години мина во „Жолтата подморница“, таму најнапред почна со „Б“ тимот, за по
една сезона да премине во првиот тим на шпанскиот прволигаш.

Мусакио има 6
настапи за сениорскиот состав на Аргентина, потекнува од школата на Ривер Плата
и несомнено ќе биде големо засилување за Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани