Добри вести за Манчестер јунајтед, добро упатен извор од Шпанија вели дека Антоан Гризман побарал да замине од Атлетико Мадрид.
„Црвените Ѓаволи“ подолго време се интересираат за Французинот и се подготвени да ја платат откупната клаузула вредна 100 милиони евра.
Самиот Антоан Гризман призна дека размислува за преселба на Олд Трафорд и посочи дека шансите за ова се 6 од 10.
Атлетико Мадрид не сака да остане без својата ѕвезда и „Колчонероси“ прават напори да го задржат играчот.
Се говореше дека лидерите на клубот му ветиле на Антоан Гризман ангажман на неговиот сонародник Александре Лаказет, а го примамуваат и со идејата да одигра барем една сезона на новиот стадион.
Но според новинарот на КОПЕ, Антонио Руиз, напаѓачот одлучил да замине и веќе го известил Атлетико дека сака трансфер.