Уште еден клучен играч од шампионскиот тим на Лестер побара трансфер

by
1 минути читање

По Нголо Канте, уште еден клучен играч од шампионскиот тим на Лестер изрази желба да замине.

Ријад Марез попладнево соопшти дека ги известил лидерите на клубот дека сака трансфер во летниот преоден рок.

„Од голема почит кон Лестер, сакам да бидам целосно искрен и транспарентен со клубот па ги известив лидерите дека ова е прав момент за нов предизвик“ – се вели во соопштението на Алжирецот.

„Минатото лето имав добра дискусија со претседателот, и се договоривме да останам уште една година со цел да му помогнам на клубот во транзицијата по освојувањето на Премиерлигата“.

„Сепак, јас сум многу амбициозен и чуствувам дека ова е право време за ново искуство“.

„Четирите најдобри сезони ги поминав во Лестер, уживав во секој момент и горд сум на успехот што го остваривме“.

Минатото лето, неколку клубови пројавија интерес за Ријад Марез, се споменуваа дури и имиањта на Барса и Реал, а најконкретен беше Арсенал.

Медиумите сега шпекулираат дека „Топчиите“ одново би можеле да достават понуда, исто како и Монако, Челси и Тотенхем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани