Милан во понеделник патува во Мадрид на состанок со Реал за да го договорaт Мората

by
1 минути читање

Во последно време често се говори дека Милан е прв фаворит за потписот на Алваро Мората.

Денешното издание на Газета дело Спорт открива повеќе детали.

Весникот пишува дека „Росонерите“ уште пред неколку недели доставиле понуда до играчот, и му оставиле простор добро да размисли.

Милан на Шпанецот му нуди годишна плата од 7 милиони евра, која може да порасне до 8 преку бонуси.

Овие високи примања на играчот Милан планира да ги покрие со продажба на имиџ правата на Алваро Мората во Кина.

Милан сега треба да се договори со Реал Мадрид, и Газета дело Спорт пренесува дека лидерите на клубот во понеделник ќе отпатуваат во Мадрид на средба со колегите од Реал.

„Росонерите“ треба да им презентираат понуда од околу 60 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани