Под насловот „Битка
на ротации помеѓу Реал Мадрид и Јувентус“, Марка анализира во однос на тоа кои
фудбалери ќе истрчаат како стартери на финалната пресметка од Лигата на
шампионите, воедно се најавува големо тактичко надмудрување помеѓу Масимилијано
Алегри и Зинедин Зидан.
Јувентус (4-2-3-1): Буфон, Сандро, Киелини, Бонучи, Барзаљи,
Кедира, Пјаниќ, Манџукиќ, Дибала, Алвес и Игуаин.
Реал Мадрид (4-4-2):
Навас, Марсело, Рамос, Варан,
Карвахал, Модриќ, Касемиро, Крос, Роналдо, Иско и Бензема.
И двете екипи
имаат одличен избор и на клупата, таму Јувентус ги има Бенатија, Ругани,
Маркисио, Стураро, Азамоа и Квадрадо, Реал Мадрид исто така има резервни
фудбалери кои имаат голема улога во успесите на тимот, таму се Асенсио, Мората,
Хамес, Ковачиќ и Герет Бејл за кого се погласни се шпекулациите дека нема да
биде стартер на големото финале.
Со ова се
потврдува најавата дека Зидан нема да му даде прилика за настап во стартниот
состав на Герет Бејл, за тоа пишувавме дека Манчестер Јунајтед под будно око ќе ја следи целата ситуација и исходот од Кардиф, бидејќи наводно има подготвено понуда за Велшанецот кој можно е да побара трансфер доколку дојде до ваков расплет на настаните.