Барселона потврди дека Ернесто Валверде го презема кормилото на тимот, неговата официјална презентација ќе се случи во четврток.
„Ернесто Валверде е нов тренер на Барселона. 53-годишникот кој е поранешен играч на Барса а претходно беше тренер на Атлетик Билбао, ќе го преземе тимот од сезоната 2017/18“ – стои во клупското соопштение.
Тој доаѓа на местото од Луис Енрике кој уште на средина од сезоната објави дека ќе ја напушти Барселона.
Велверде како фудбалер две години го носеше дресот на Барса помеѓу 1988 и 1990. Во тој период го освои Европскиот куп на победници и Копа Дел Реј како дел од составот на Јохан Кројф. Има одиграно 29 натпревари и постигнато 10 голови.
Како тренер, последните четири години беше на кормилото на Атлетик Билбао, претходно работеше и во Валенсија, Олимпијакос, Виљареал и Еспањол.