Фудбалерот на Саутемтон е најбараниот дефанзивец во Премиерлигата, за него интерес имаше од Челси и Манчестер Сити, но најголеми се шансите тој да потпише за Ливерпул.
Обложувалниците во Англија го тргнаа облогот Вирџил ван Дијк да се пресели во Ливерпул, а таквиот нивен потег наговестува дека работата е речиси готова.
Соработката помеѓу Саутемптон и Ливерпул трае подолго време, да потсетиме дека Клајн, Лалана, Ловрен и Ламберт се само дел од трансферите на овие два клуба.
Цената на Ван Дијк е голема, се проценува на 50 милиони евра, а ако Ливерпул го купи Холанѓанецот, ќе покаже сериозност во преодниот рок.
Потегот на обложувалниците е знак дека работата е при крај, но таа ќе биде завршена само тогаш кога фудбалерот ќе стави потпис на договорот, а до тогаш се може да се случи.