Познати се директните патници во Лигата на шампионите за следната сезона

by
2 минути читање

Во текот на
вчерашниот ден низ фудбалска Европа се одиграа неколку клучни натпревари, по
кои и дефинитивно ги добивме сите 22 екипи кои изборија директен пласман во
групната фаза од Лигата на шампионите за следната сезона.

Пероти во самиот финиш постигна гол за Рома против Џенова за 3-2 и го одведе својот тим директно во елитното европско клупско натпреварување, Наполи славеше со 2-4 на гостински
терен кај Сампдорија, иако се надеваше на кикс на својот ривал, сепак до тоа не
дојде па ќе игра во квалификациите.

Бешикташ на едно
коло до крајот на турската „Супер лига“ ја потврди титулата со победата од 0-4
на гостински терен кај Газиантеп, со тоа што го исфрли од колосек во трката за
титулата, амбициозниот Истанбул Башакшехир кој сепак ќе игра во квалификациите. 


Ова се екипите
кои изборија директен пласман во Лигата на шампионите за следната сезона
:


Англија: Челси, Тотенхем, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед

Шпанија: Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид

Германија:
Баерн Минхен, Лајпциг, Борусија
Дортмунд

Италија: Јувентус, Рома

Португалија: Бенфика, Порто

Франција: Монако, Париз Сент Жермен

Русија: Спартак Москва

Украина: Шахтјор

Белгија: Андерлехт

Холандија:
Феенорд

Турција: Бешикташ

Швајцарија:
Базел

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани