Несторовски и Палермо ќе загубат 15 милиони евра поради победата над Емполи

by
1 минути читање

Палермо на нашиот
Илија Несторовски и Александар Трајковски немаше за што да игра вчера, но и
покрај тоа „Сицилијанците“ успеаа со 2-1 да слават над Емполи и да го испратат во
Серија Б.

Токму Илија
Несторовски прв ги скрши срцата на играчите на Емполи, а потоа Бруно Енрике го
дотолчи противникот.

Медиумите од
Италија сега велат дека Палермо поради оваа победа ќе загуби 15 милиони евра.

Поради посебните
„падобран“ клаузули, трите тима кои испаѓаат од Серија А ќе поделат 60 милиони
евра.

Сумите се
распределуват според тоа кој колку години настапувал во најсилното првенство на
Италија, па доколку Кротоне испаднеше заедно со Пескара и Палермо, клубот од
Сицилија ќе добиеше 40 милиони евра, а другите два по 10 милиони евра.

Но ситуацијата се
менува кога Емполи ќе го замени Кротоне, во овој случај, Палермо и Емполи ќе добијат
по 25 милиони евра, а Пескара 10 милиони.

Палермо можеби
остана покус за 15 милиони евра, но барем ја одбрани честа и доби честитки од
сите во Италија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани