83
24 годишниот
Англичанец имаше одлична сезона па го привлече вниманието на најдобрите клубови
од Премиерлигата.
Денешното издание
на Дејли Мејл вели дека Жозе Мурињо врши притисок врз Ед Вудворд што поскоро да
го договори трансферот на Мајкл Кин и дефанзивецот да се врати на Олд Трафорд.
„Специјалниот“
сака со овој потег да го победи Ливерпул до потписот на репрезентативецот на
„Трите Лава“.
„Црвените“ исто
така го сакаат Мајкл Кин, но се верува дека Ливерпул во моментов не работи на
оваа зделка бидејќи прва цел им е Вирџил ван Дијк од Саутемптон.
Мајкл Кин се
проценува на околу 25 милиони фунти.