79
Манчестер Сити вчера се раздели со четворица играчи, клубот го напуштија Хесус Навас, Гаел Клиши, Вили Кабаљеро и Бакари Сања.
Пеп Гвардиола веднаш започна со шопинг, денеска на лекарски прегледи во Манчестер пристигна Бернардо Силва од Монако.
Португалецот ќе биде првото засилување за Шпанецот за сезоната 2017/18, ќе се пресели на Етихад за 50 милиони евра, н зделка може да се искачи и до 80 милиони.
Медиумите од „Острвото“ пренесуваат дека „Граѓаните“ работат и на трансфер на неговиот соиграч од Луј Втори Стадионот, левиот бек Бенџамин Менди.
22 годишниот Французин вреди околу 45 милиони евра.
На листата со желби е и Кајл Вокер од Тотенхем, „Спарси“ бараат околу 55 милиони евра за десниот бек.