152
Челси планира да ангажира нов напаѓач во летниот преоден рок, а на листата со желби се Алваро Мората од Реал Мадрид и Ромелу Лукаку од Евертон.
Последните информации велат дека Антонио Конте пресекол, и одлучил да се насочи кон Ромелу Лукаку.
Италијанецот се решил на еден ваков чекор бидејќи Ромелу Лукаку одлично ја познава Премиерлигата и има големо искуство од настапот во најсилното првенство на Англија.
Белгијанецот исто така ќе ја подобри и квотата на Челси за играчи кои потекнуваат од школата.