76
Постариот син на Леонардо Бонучи е во центарот на вниманието поради неговата
реакција при прославата на Скудетото.
Додека сите се радуваа на новата титула, тој беше нерасположен и намуртен
поради тоа што беше приморан да носи дрес на Јувентус.
Лоренцо е голем фан на Торино, и насмевката на неговото лице беше вратена
вечерва откако се сретна со неговиот идол, Андреа Белоти.
„Вечерва се забавувам за разлика од прославата на Скудетото! Ти благодарам Белоти” – напиша Леонардо Бонучи на Инстаграм и објави слика од неговиот син со популарниот „Петел“.