Мхитаријан немаше да му даде гол на Ајакс да не беше Ерера (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Мхитарјан убаво се снајде пред голот на Ајакс и постигна погодок кој значеше крај за надежите на холандскиот тим давајќи му два гола предност на Манчестер јунајтед.

Но, заслугите треба да одат и кон еден друг фудбалер, Андер Ерера кој имаше фантастична сезона и со својата пожртвуваност и авторитет на теренот се наметнува како можно решение за капитен на тимот.

Што се случи? При изведувањето на корнерот, Мхитаријан излегуваше од шеснаесетникот, кога тоа го забележа Ерера, му рече да се врати внатре, Ерменецот го направи тоа, се најде на вистинското место и постигна гол.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани