183
Мадридска Марка вчера објави дека Милан избил во пол-позиција во трката за
потписот на Алваро Мората и „Росонерите“ се на добар пат да ја победат
конкуренцијата составена од Челси и Манчестер јунајтед.
На оваа тема денеска се огласи и Газета дело Спорт, еден од најголемите
весници во Италија.
Според Газета, Алваро Мората си подал рака со Милан, и двете страни веќе
постигнале договор.
24 годишниот напаѓач дал зелено светло за плата од 7,5 милиони евра по
сезона.
Милан сега трба да пронајде заеднички јазик и со Реал Мадрид за висината на
трансфер сумата.
Се шпекулира дека „Росонерите“ со 60 милиони евра ќе се обидат ги убедат
„Кралевите“ да се разделат со голгетерот.