Португалскиот
стратег Жозе Мурињо се реши да му даде прилика за настап на Вејн Руни, за
кого можеби ова беше последен натпревар во дресот на Манчестер Јунајтед кој со
триумфот во Стокхолм од 2-0 над Ајакс го обезбеди шампионскиот трофеј од Лига
Европа.
Руни на мечот во
Шведска влезе на местото на Шпанецот Хуан Мата во 90. минута, притоа сосема
нормално ја презеде и капитенската лента.
Токму Руни како капитен го подигна победничкиот пехар за својот тим на прославата по крајот на мечот.
Вејн Руни се
израмни со Велшанецот Рајан Гигс во однос на рекордот на настапи во четири
финални натпревари во Европските натпреварувања за Манчестер Јунајтед.
Се погласни се
шпекулациите се дека 31. годишниот фудбалер ќе си замине од Манчестер Јунајтед
летово, за кого одигра 394 натпревари, притоа постигна и 183 погодоци во
периодот од 2004. до оваа година.
Во Манчестер јунајтед пристигна од Евертон
каде играше две сезони во сениорскиот состав на тимот од „Гудисон Парк“.