Погба: Горд сум на успехот, ова е заслужена победа

by
1 минути читање

Манчестер јунајтед е првиот учесник во Супер Купот на Европа кој ќе се одигра во Скопје, откако во големото финале од Лига Европа славеше над Ајакс со 2-0, со головите на Погба и Михтарјан.

Еден од стрелците
во победата на англискиот премиерлигаш, Францускиот интернационалец Пол Погба
изјави дека победата на неговиот тим е сосема заслужена.

Целта беше да ја
освоиме титулата, ние истото го сторивме. Некои би рекле дека имавме лоша
сезона, но задоволни сме од цената која ја плативме за тоа. Почетокот на мечот
беше многу важен, поведовме уште во раната фаза а потоа дадовме и втор гол и
лесно го контролиравме натпреварот. Добро се браневме, сите бевме концентрирани
на тоа и заслужено победивме
“ изјави Погба по мечот во Стокхолм.

Манчестер
јунајтед својот противник во Супер Купот на Европа ќе го дознае по одигрувањето
во финалето на Лигата на шампионите, каде ќе се сретнат Реал Мадрид и Јувентус.

 

Фото: УЕФА

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани