82
Каталонскиот гигант во соопштение до медиумите искажа јавна
поддршка за својот фудбалер, притоа се вели дека претседателот на Барселона,
Жозеп Бартомеу го контантирал семејството на Меси за да искаже поддршка од
клубот.
„Клубот во целост му упатува поддршка на Лионел Меси,
неговиот татко Хорхе и целото негово семејство“ се вели во соопштението
објавено на официјалниот клупски сајт.
По денешните случувања, одбиени се сите жалби на Меси на
пресудата од ланската година, додека на неговиот татко Хорхе му е намалена
казната на 15 месеци, откако и двајцата се обвинети дека затаиле данок од 4,1
милион евра во текот на маркетингшки активности помеѓу 2007. и 2009. година.