Погледнете како Ибрахимовиќ пристигна на финалето… (ФОТО)

by
1 минути читање

Напаѓачот на
Манчестер јунајтед постигна пет погодоци за својот тим на патот кон големото
финале од Лига Европа, сепак нема да може да му помогне во финалната пресметка
против холандски Ајакс.

Ибрахимовиќ со количка беше превезен до неговото место во арената каде вечерва ќе се одигра пресметката за шампионскиот трофеј за Лига Европа сезонава.

Ибрахимовиќ има
добра историја со „Пријателската Арена“ во Стокхолм, истата арена во Шведска ја
отвори со четири погодоци против Англија во 2012. година, еден од нив беше
вистинско ремек дело.

Швеѓанецот се
повреди на завршницата од мечот против белгиски Андерлехт во полуфиналето па
најавите дека ќе го пропушти финалето се остварија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани