Мотивите поради кои Винисиус ја одбил Барселона и го одбрал Реал Мадрид

by
2 минути читање

„Кралевите“ вчера
ги потврдија сториите кои кружеа повеќе од една недела, Реал Мадрид ја доби
трката за новото чудо од дете на Фламенго, 16 годишниот Винисиус Жуниор.

Новиот фудбалски
бисер на Бразил беше блиску до трансфер во Барселона, но на крајот се одлучи да
ја прифати понудата на Реал Мадрид.

Реномираниот
Глобоеспорте сега пишува за причините и мотивите поради кои Винисиус Жуниор се
решил на еден ваков чекор.

Весникот
пренесува дека Барселона ја зголемила понудата на 35 милиони евра, и на играчот
му понудила плата од 7 милиони евра по сезона.

Сепак, играчот го
одбрал Реал Мадрид бидејќи верувал дека има поголем простор за прогрес на
Сантијаго Бернабеу.

Нејмар е негов
идеол, но двајцата играат на иста позиција, па Винисиус Жуниор стравувал дека
тешко ќе може да се избори за место во првиот тим бидејќи неговиот сонародник
има 25 години и допрва ќе влезе во најдобрите фудбалски години.

Во Реал Мадрид,
Кристијано Роналдо има 32 години, и Винисиус Жуниор смета дека на Сантијаго
Бернабеу има подоголеми шанси за минутажа и можност да се естаблира како идна
ѕвезда.

Глобоеспорте исто така додава дека Винисиус Жуниор во знак на благодарност ставил потпис на нов договор во кој откупната клаузула рипна од 30 на 45 милиони евра, и на тој начин Флманего ќе инкасира повеќе пари од неговата продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани