(ФОТО) Голем гаф или знаат нешто повеќе, за федерацијата на Чиле, Алексис Санчез е фудбалер на Баерн

by
1 минути читање

Се почесто се говори дека Алексис Санчез ќе замине од Емирати, неговиот
договор со „Топчиите“ е со трајност до 30. јуни 2018, и Арсенал на играчот не може да му понуди настап во Лигата на шампионите следната
сезона.

Неколку клубови пројавуваат интерес за услугите на Алексис Санчез, а меѓу нив
е и Баерн Минхен.

Агентот на играчот вчера беше во Минхен на средба со лидерите на
„Баварците“ и се верува дека шампионот на Германија е во пол позиција.

Ваквите гласини само ги подгреа Фудбалската федерација на Чиле, откако на
социјалните мрежи беше објавен списокот на играчи повикани за Купот на
Конфедерации.

Покрај името на Алесис Санчез стоеше логото на Баерн Минхен. Сликата за
кратко време беше сменета и клубот беше променет во Арсенал.

Останува да се види дали ова е само голем гаф, или пак луѓето од
федерацијата на Чиле знаат нешто повеќе.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани