Првите контакти помеѓу Милан и Реал Мадрид се направени уште пред неколку недели и се верува дека преговорите се движат во вистинска насока. Сумата која ќе треба да ја платат „росоњерите“ ќе изнесува околу 60 милиони евра, но тоа нема да биде проблеми за новите кинески сопственици кои треба да покажат амбиција во летниот преоден рок.
Мората сфати дека колку и да биде подобар стрелец од Бензема, не може да му го земе местото во првиот тим на Французинот, момент кој фрустрира и поради кој уште еднаш ќе си замине од Реал Мадрид.
Во трка по неговиот потпис се и Манчестер јунајтед и Челси, а весникот „Марка“ ги набројува причините поради кој тој ќе го одбере Милан, а не Премиерлигата.
Поради конкренцијата во тимот на Милан (Бака ќе си оди, Лападула е резерва) која е помала од Челси и Јунајтед, напаѓачот сака да игра во пресрет на Светското првенство во Русија. Во Серија А тој играше две сезони, па нема да му е потребен период на адаптација, ја знае земјата, го знае фудбалот кој се игра. И неговата сопруга е Италијанка.
За иднината на Мората, дали тој ќе потпише во Милан, повеќе ќе се знае по крајот на финалето од Лигата на шампионите кое се игра на 3. јуни.