Спалети од понеделник нов тренер на Интер, Морати вели дека тоа е идеален избор

by
1 минути читање

Лучано Спалети е под договор со Рома до 30. јуни, преговорите се прекината и се очекува стратегот да замине од Олимпико.

Последните информации велат дека Лучано Спалети ќе седне на жешкото столече на Џузепе Меаца.

Интер е во потрага на нов тренер, и откако извиси за Антонио Конте и Диего Симеоне, „Нероаѕурите“ решиле да се насочат кон други цели.

Трите најголеми весници, Газета дело Спорт, Кориере дело Спорт и Тутоспорт пишуваат дека Лучано Спалети ќе го превзеде кормилото на Интер.

Газета додава дека стратегот ќе стави потпис на три годишен договор, и ќе има годишна плата од 4 милиони евра.

Исто така, Интер ќе се обиде на Лучано Спалети да му донесе еден играч на Рома, прва цел е Раџа Наинголан, а алтернатива Кевин Стротман.

За оваа одлука на Интер зелено светло даде и поранешниот сопственик Масимо Морати.

„Спалети е идеален за Интер, се работи за интелегентен човек кој има искуство од работа во странство и заврши одлична работа во Рома“ – вели Морати. „Мислам дека ќе биде добар за Интер“.

„Со неговите квалитети, и добар менаџмент на лидерите на Интер, ќе можеме да го предизвикаме Јувентус следната сезона“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани