189
Навивачите на Милан се надеваа дека Делофеу можеби ќе остане на Сан Сиро, но добрите партии на фудбалерот ја натераа Барселона да го врати во своите редови.
Делофеу во Милан играше на позајмица од Евертон, Барселона во договорот со англискиот клуб има опција повторно да го купи фудбалерот за сума од 12 милиони евра.
И самиот Монтела сугерираше дека шпанскиот фудбалер ќе си оди велејќи дека сите играчи се заменливи.
„Ел Мундо“ пишува дека Барселона ќе ја активира опцијата која ја има во договорот со Евертон и ќе го добие фудбалерот по завршувањето на Европското првенство до 21 година на кое Шпанија е во група со Македонија.