Силно се шпекулира дека Гризман од следната сезона ќе настапува за Манчестер јунајтед, но се уште е нејасно дали ќе се реализираат ваквите најави.
Се чини дека многу ќе зависи и од финалето во Лига Европа, но во интервју за француска телевизија Гризман потврди дека реални се шансите да потпише за Јунајтед.
Запрашан за тоа какви се шансите да потпише за Манчестер јунајтед тој рече: „Да, возможно е, на скала од еден до десет, би рекол шест, свесен сум што зборувам“.
Но во истото интервју не ја отфрли можноста да остане во Атлетико Мадрид, а шансите за тоа да се случи ги оцени со седум од десет.
Гризман во договорот со Атлетико Мадрид има откупна клаузула од 100 милиони евра, сума која Манчестер јунајтед е подготвен да ја плата, па одлуката за трансфер ќе остане само на францускиот фудбалер.