96
Оваа сезона Квадрадо во Јувентус игра како позајмен фудбалер од Челси, но од следната ќе биде целосно играч на италијанскиот шампион.
„Јувентус може да потврди дека комплетно го откупи Хуан Квадрадо од Челси. Трансферот ќе чини 20 милиони евра кои ќе бидат платени на три рати почнувајќи од 2017/2018“ – стои во соопштението на Јуве.
„28-годишниот фудбалер потпиша договор според кој ќе биде во нашиот клуб до 30. јуни 2020“.