Анчелоти ќе прави ремонт во Баерн Минхен, еве како ќе изгледа тимот (ФОТО)

by
1 минути читање

Само една титула не ги задоволува апетитите на Баерн Минхен, па според весникот „Кикер“, германскиот шампион го очекуваат промени во играчкиот кадар.

Дел од ѕвездите ги обесија копачките, а на некои Карло Анчелоти ќе им се заблагодари на соработката.

Филип Лам и Чаби Алонсо отидоа во пензија, на излезна врата се Даглас Коста и Ренато Санчез, а најверојатно Рафиња ќе замине во Кина. „Кикер“ тврди дека покрај овие, уште еден фудбалер ќе си оди, но не го објавија неговото име, најверојатно се работи за Боатенг.

На трансферите на Даглас Коста и Ренато Санчез планираат да заработат најмалку 50 милиони евра, а за создавањето на новиот тим Карло Анчелоти ќе добие буџет од 100 милиони евра.

Двајца играчи веќе потпишаа Никлас Силе и Себастијан Руди од Хофенхајм, а на други засилувања забрзано се работи.

Првата мета е десниот бек на Тотенхем, Кајл Вокер, а најзвучно засилување би требало да биде Алексис Санчез од Арсенал. За Чилеанецот има неколку заинтересирани, но се претпоставува дека Баерн Минхен е лидер во трката.

Силни се и шпекулациите дека германскиот шампион е сериозно заинтересиран за ѕвездата на ПСЖ, Верати.

Според германските медиуми првиот состав на Баерн Минхен за идната сезона би можел да биде: Нојер, Алаба, Хумелс, Боатенг, Вокер, Кимих, Видал, Руди, Санчез, Милер и Левандовски. Иако е јасно дека кога Робен е подготвен, има место пред Милер во стартниот состав, а доколку клубот успее да го донесе Верати и тој ќе има загарантирано место од првата минута.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани