Комична ситуација: Алба симулираше пенал каков што немате видено досега (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид
славеше на гостувањето кај Малага со 0-2, додека Барселона на домашен терен
обезбеди тешко извојуван триумф од 4-2 над Еибар, кој пружи одличен отпор на
фаворитот.

Каталонците се
надеваа на кикс на својот голем ривал на гостувањето во Андалузија, но до тоа
не дојде, па Реал Мадрид ја освои титулата во Примера со 93 бодови од 38
натпревари, односно со три бода предност во однос на својот голем ривал.

При водство од
1-2 за Еибар, во 70. минута од мечот на „Камп Ноу“ се случи мошне комична
ситуација, од која Барселона можеше да профитира.

Жорди Алба влезе
во казнениот простор на гостинската екипа, се обиде да бие но се сопна и падна
како покосен на теренот, главниот арбитар на мечот Алехандро Хернандез наседна
на ова симулирање и покажа на белата точка. Ударот го изведе Лионел Меси, но
Хоел го одбрани неговиот удар.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани