Ливерпул слави, Венгер прв пат не го носи Арсенал во Лигата на шампионите (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Ливерпул се враќа во Лигата на шампионите, Арсенал под водство на Арсен Венгер за прв пат нема да игра во елитното европско натпреварување, тоа е исходот од денешното последно коло во Премиерлигата.

Ливерпул се мачеше да го скриши отпорот на Мидлзборо, тоа конечно им успеа во судиското продолжение од првото полувреме кога Вајналдум постигна убав гол за водство од 1-0.

По водството во првото полувреме, вториот дел беше многу полесен. Во 51. минута Кутињо со гол од слободен удар зголеми на 2-0, а пет минути подоцна Лалана ги постави конечните 3-0. Голема победа за Ливерпул која го носи во Лигата на шампионите.

Арсенал со победа од 3-1 над Евертон ја финишираше најлошата сезона под водство на Арсен Венгер, заврши на петтото место и следната сезона ќе игра во Лига Европа.

Белерин, Санчез и Ремзи беа стрелци на головите за Арсенал, Лукаку од пенал погоди за Евертон.

За трагедијата да биде уште поголема кај Арсенал се погрижи Лорен Косчиелни кој заработи црвен картон уште во 14. минута и нема да игра во финалето од ФА Купот против Челси.

Само теоретски шанси имаше и Сити да извиси, но тимот на Пеп Гвардиола со убедливи 5-0 кај Ватфорд го завери третото место. Агуеро постигна два гола, по еден Компани, Фернандињо и Габриел Жесус.

Челси со победа од 5-1 над Сандерленд ја заврши шампионската сезона. Два гола беа дело на Батшуаи, по еден постигнаа Вилијан, Азар и Педро.

Тотенхем со седум гола во мрежата на Хал ја заврши сезоната, победа од 7-1 за второто место на табелата и прв пат пред локалниот ривал Арсенал.

Хари Кејн постигна хет-трик и го завери првото место на листата на стрелци во Премиерлигата, по еднаш погодија Кејн, Ванјама, Дејвис и Алдервирелд.

Манчестер јунајтед со состав полн со дебитанти го победи Кристал Палас со 2-0. Хароп и Погба беа стрелци на головите.

Вест Хем со 2-1 славеше на гостувањето кај Барнли, Лестер одигра 1-1 со Борнмут, Стоук со 1-0 го победи Саутемптон на негов терен, а Свонси со 2-1 славеше над ВБА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани