Зидан побарал од Перез да му ја донесе ѕвездата на Челси, но тоа не е Азар

by
1 минути читање

„Кралевите“ подолго време се поврзуваат со ангажман на Еден Азар и се
најавува дека Белгијанецот ќе биде новиот „Галактико“ на Флорентино Перез ова
лето.

Но Зинедин Зидан наводно има други планови, според Дон Балон, тренерот на
Реал Мадрид „мерка“ друга ѕвезда на Челси.

Французинот побарал од претседателот Флорентино Перез на Сантијаго Бернабеу
да го донесе неговиот сонародник Нголо Канте.

Нголо Канте пред почетокот на сезоната пристигна во Челси за 32 милиони
фунти, и за кратко време стана клучен играч во системот на Антонио Конте.

За одличните игри, репрезентативецот на „Триколорите“ доби признание од
своите колеги фудбалери како и од новинарите, и беше прогласен за Фудбалер на
Годината во Премиерлигата во двата избора.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани