Јуве сепак на терен ќе треба да ја освои титулата, Рома со „петарда“ во мрежата на Киево (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Старата Дама“ сепак ќе мора на терен да ја освои шампионската титула
откако Рома вечерва победи на гостувањето во Верона.

Постоеше можност Јувентус да стигне до ново Скудето без да игра доколку
Рома загубеше од Киево, а Наполи не успееше да триумфира над Фиорентина.

Киево два пати ја шокираше „Волчицата“, но гостите не дозволија
изненадување, па „Бјанконерите“ ќе мора против Кротоне да се испотат за
титулата.

Кастро ги донесе домаќините во предност во 15. минута, а Ел Шарави изедначи
во 28. минута.

Инглесе донесе ново водство за Киево во 37. минута, но пред крајот на
првиот дел, Салах погоди за 2-2.

По еден час игра Рома поведе со 2-3 со вториот гол на Ел Шарави, а потоа во
листата на стрелци се запишаа и Салах и Џеко за убедлива предност.

Инглесе во 86. минута ги постави конечните 3-5.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани